Достапни линкови

Лавров-Нарушен мировниот процес во источна Украина


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека одговорните за новите борби во источна Украина сакаат да го запрат напредокот во мировните разговори со цел решавање на конфликтот во кој досега загинаа над 6100 луѓе. Според него, се додека луѓето се зафатени со борбите има изговор да не се справат со политичките реформи. Коментарот на Лавров се однесува на Украина, која Русија ја обвинува за одолговлекување на политичките реформи договорени со примирјето во Минск, Белорусија постигнато во февруари.

XS
SM
MD
LG