Достапни линкови

ФИФА-Валке не се чувствува виновен


Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке изјави дека не гледа зошто не би останал на неговата позиција затоа што не се чувствува виновен за делото за кое е осомничен. Валке е осомничен за примање мито заедно со уште шест високи функционери на фудбалската асоцијација. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер вчера поднесе оставка од функцијата, по само четири дена откако беше реизбран на конгресот на организацијата во Цирих. ФИФА претходно негираше дека Валке бил вмешан во исплатата на 10 милиони долари.

XS
SM
MD
LG