Достапни линкови

Кавга за пари во битолскиот Совет


Совет на Општина Битола.

Совет на Општина Битола.

Опозицијата обвинува дека во општинската каса се собрале помалку пари, а од владејачкото мнозинство велат дека буџетот има доволно средства и ќе овозможи развој на Битола.

Со долги дискусии и меѓусебни обвинувања помина и овогодинешниот квартален извештај за реализација на буџетот на Општина Битола за првите четири месеци. Советниците од опозицијата обвинија дека приливите на средства во општинската каса се многу намалени, што според нив, е доказ за намалената платежна моќ на граѓаните, како и за трендот на иселување, а од владејачкото мнозинство одговорија дека годинешниот буџет ќе биде поголем од лани.

Доказ за тоа е што купувањето на неизградено земјиште е замрено, а напоредно со тоа и приходите од комуналии, односно надомест за уредување на градежно земјиште е на катастрофално ниво.

„Приходите во буџетот кои ја покажуваат куповната моќ на битолчани и фирмите се со слаба реализација. Имено, надоместокот за уредување на градежно земјиште е со реализација 12, 61 процент. Приход од продажба на земјиште е со реализација 0, 89 проценти. Ова зборува дека битолската економија слабее. Доказ за тоа е што купувањето на неизградено земјиште е замрено, а напоредно со тоа и приходите од комуналии, односно надомест за уредување на градежно земјиште е на катастрофално ниво“, вели советникот од опозицијата Александар Касапов.

„Битола е празен град. Граѓаните секојдневно се иселуваат. Дуќаните секојдневно се затвораат, а соодветно на тоа и приходите во буџетот ќе бидат помали“, вели советникот Зоран Стојчевски.

„Од продажба на капитални средства беа планирани 730.000 евра. Во оваа ставка имаме реализација нула. Тоа е доволен сигнал за интересот на инвеститорите во Битола и климата во која живурка стопанството во нашиот град“, рече советникот Благојче Котевски.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ велат дека буџетот има доволно средства и ќе овозможи развој на Битола.

„Првиот квартален извештај за извршувањето на буџетот не може да биде показател за извршувањето на буџетот до крајот на годината, зашто првите три месеци се период кога се наплаќаат побарувањата и доспеаните обврски од минатата година. Треба да го имаме фактот дека основниот буџет за 2015 година е за 93 милиони поголем од оној за 2014 година“, изјави Соња Карапашовскаод Комисијата за финансии и буџет.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG