Достапни линкови

Интересот на граѓаните пред политичките интереси


Претседателот Иванов и помалите политички партии ги поздравуваат напорите за излез од кризата и апелираат учесниците во процесот да водат сметка за државните и интересите на граѓаните.

Поддршка за политичкиот дијалог и апели интересот на граѓаните да се стави пред политичките интерес, се пораките кои денеска ги испратија претседателот на државата и помалите политички партии.

Сите треба да постапуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државата, Република Македонија.

Иванов - Оптимизам за надминување на кризата

Дијалогот е единствениот начин преку кој се надминуваат сите предизвици, стои во писменото соопштение на претседателот Ѓорѓе Иванов. Според Иванов, постои оптимизам за надминување на актуелната политичка криза во Македонија. Тој ги повика сите учесници во политичкиот дијалог во следниот период да се однесуваат разумно и одговорно за да се врати политичката стабилност во земјата.

„Граѓаните на Република Македонија очекуваат политичка зрелост и подготвеност за институционално решавање на сите предизвици, согласно Уставот и законите на Република Македонија. Граѓаните очекуваат резултати и одржливи решенија. Тоа го очекувам и јас. Сите треба да постапуваат исклучиво во интерес на граѓаните и на државата, Република Македонија“, се наведува во соопштението на претседателот Иванов.

Да се дефинира начинот и постапката за утврдување на политичката одговорност за носителите кои не вовлекоа во кризата, потоа зајакнување на контролните механизми преку системски промени за поставеноста на судскиот систем, цивилна контрола над службите за безбедност, како и промени на изборен модел.

Демократски сојуз - Одговорност од тие што нè вовлекоа во криза

И Демократскиот сојуз го поддржува политичкиот дијалог, како начин за постепено излегување од длабоката политичка криза која ги загрозува економскиот развој, стабилноста и евроинтеграциските процеси, се наведува во писменото соопштение на партијата која е дел од коалицијата на власт.

Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

Павле Трајанов, претседател на Демократски сојуз.

„Демократскиот сојуз укажува на потребата во Платформата (договорот) да се дефинира начинот и постапката за утврдување на политичката одговорност за носителите кои нè вовлекоа во кризата, потоа зајакнување на контролните механизми преку системски промени за поставеноста на судскиот систем, цивилна контрола над службите за безбедност, како и промени на изборниот модел за реално отсликувале на волјата на граѓаните во Парламентот“, се наведува во нивното соопштение.

Како партија која со години се залага за една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи, очекуваме поддршка на тој изборен модел од сите политички чинители во преговарачкиот процес, зашто тоа е сигурен пат за демократизација на земјата.

ДС ги повикува партиите кои се директно вклучени во преговарачкиот процес да водат сметка за државните и интересите на граѓаните, а не во преден план да ги ставаат личните и партиските интереси.

ДОМ - Една изборна единица

Довчерашниот владин коалиционен партнер ДОМ го поздравува вчерашниот, како што наведува во соопштението, сериозен пристап кон преговорите и начелниот договор за избори во април.

„Како партија која со години се залага за една изборна единица со отворени листи и еднаков број жени и мажи, очекуваме поддршка на тој изборен модел од сите политички чинители во преговарачкиот процес, зашто тоа е сигурен пат за демократизација на земјата“, се вели во соопштението од ДОМ.

Од партијата „Национална демократска преродба“ на Руфи Османи велат дека напорите на меѓународната заедница да посредува за надминување на политичката криза е за поздравување, но дека тоа што беше соопштено од страна на еврокомесарот Јоханес Хан не е дури ни блиску до решение за политичката криза во земјата.

„Ние веруваме дека на меѓународната заедница ѝ е јасно дека оваа криза не може да се реши со луѓе кои директно или индиректно ја предизвикаа истата. НДП нагласува дека криза се самите актери, а не процесот и начинот за решавање на кризата. Кризата не се решава преку предвремени избори, туку преку преземање на одговорност на сите актери кои денес се дел од решението“, стои во нивното соопштение.

Со соопштенија со свои видувања на начинот за излез од кризата излегоа и други помали партии и здруженија.

Еврокомесарот Јоханес Хан вчера по средбата со партиските лидери во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје изјави дека било до крајот на април наредната година да се одржат нови предвремени парламентарни избори и да се направат измени во изборниот законик и во избирачкиот список.

Од СДСМ денеска брифираа дека е договорена рамка за преговори за влада која ќе организира избори. Во меѓувреме амбасадорите на ЕУ на средба со Груевски, нотирале дека интересот на граѓаните е побитен од интересот на политичките партии.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG