Достапни линкови

logo-print

Борби западно од Доњецк


Украинската војска соопшти дека проруските бунтовници започнале напади со тенкови, гранати и артилериски оган против позициите на владините сили западно од нивното засолниште во Доњецк. Портпаролот на војската, Андриј Лисенко изјави дека бунтовниците со тешко оружје ги нападнале нивните позиции во близина на Марјинка и Красногоривка. Командантот на бунтовниците, Едуард Басурин изјавил дека има судири меѓу спротиставените страни и ги обвини владините сили за отворање на артилериски оган врз нив.

XS
SM
MD
LG