Достапни линкови

Иванов-Оптимизам за надминување на политичката криза


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов порача денеска дека дијалогот е единствениот начин преку кој се надминуваат сите предизвици и ја поздрави покажаната свест и волја од политичките лидери за надминување на отворените прашања. Според Иванов, постои оптимизам за надминување на актуелната политичка криза во Македонија.

Тој ги повика и сите учесници во политичкиот дијалог во следниот период да се однесуваат разумно и одговорно со цел да се врати политичката стабилност во земјата. Вклученоста на Европската унија во разговорите, како што се наведува во писмената изјава на Иванов, недвосмислено покажала дека европската и евроатланската агенда на Македонија е главен приоритет во државата.

XS
SM
MD
LG