Достапни линкови

Регионално против безбедносните закани


Во Охрид се одржа Меѓународна научна конференција за безбедност.

Во Охрид се одржа Меѓународна научна конференција за безбедност.

Потребен е регионален безбедносен центар за Западен Балкан, посочуваат учесниците на регионалната безбедносна конференција во Охрид.

За случувањата во Куманово треба да се сочекаат резултатите од истрагата, но и безбедносно- разузнавачката и контраразузнавачката анализа, вели професорот на Факултетот за безбедност во Скопје Томе Баткоски. Според него треба да се согледа и структурата на самиот настан тргнувајки од организаторот, идејниот поттикнувач и крајната цел на оваа терористичка група.

Третиот многу важен елемент е откривањето на широката база или јатачка мрежа, која обезбедува логистика за ваква и слични терористички групи. Сите овие елементи ќе ја дадат целината со кои ние можеме да го добиеме одговорот што навистина се случи.

„Третиот многу важен елемент е откривањето на широката база или јатачка мрежа, која обезбедува логистика за ваква и слични терористички групи. Сите овие елементи ќе ја дадат целината со кои ние можеме да го добиеме одговорот што навистина се случи. Тоа ќе помогне како искуство на идното спротиставувања на вакви или слични загрозувања на безбедноста на Македонија и второ да помогне на МВР и на сите субјекти во сферата на безбедноста, како да пристапат поквалитетно во проучувањето на сите елементи што укажуваат на можно загрозување на безбедноста на Македонија, вклучително и преку уфрлање и дејствување на терористички групи“, вели Баткоски.

Баткоски вели дека мора да се има предвид дека случувањата на Блискиот Исток и Украина имаат рефлексии и на Балканските простори. Тој смета дека е неопходно создавање на еден регионален безбедносен центар за Западен Балкан.

Во Србија, случувањата во Македонија се следеа со големо внимание, бидејки современите безбедносни закани не познаваат граници. Мислам дека секогаш постои потреба за политичка волја таа истрага да се процесуира до крај.

Зоран Ќековиќ, професор на факултетот за безбедност во Белград, вели дека безбедноста функционира по принципот на сврзани садови и затоа безбедносните закани се прелеваат во целиот регион.

„Во Србија, случувањата во Македонија се следеа со големо внимание, бидејки современите безбедносни закани не познаваат граници. Мислам дека секогаш постои потреба за политичка волја таа истрага да се процесуира до крај. Истрагата е важна за да се испрати јасен сигнал дека во иднина такви акции нема да се толерираат и затоа е важно тој процес да се доведе до крај. Нашите држави од регион се соочени со терористички ризици, ризици од организиран криминал, како и илегалната миграција. Веројатно дека главните актери на инцидентот во Куманово можат на сличен начин да бидат злоупотребени од аспект слични инциденти да се повторат не само на територијата на Македонија, туку и на југот на Србија, бидејки тоа е место каде што можат да се реализираат некои слични закани. Политиката е таа која ќе влијае на тоа како целата таа ситуација понатаму ќе се развива“, вели Ќековиќ.

Според него, државите од регионот треба многу повеќе да соработуваат кога се во прашање безбедносните предизвици и закани.

Во Охрид стотина експерти од областа на безбедноста од регионот и поширокот учествуваа на меѓународна конференција на која се дебатираше за безбедносните закани.

XS
SM
MD
LG