Достапни линкови

Потерница за шест лица за скандалот со ФИФА


Интерпол издаде меѓународна потерница за шест мажи кои имаат врска со ФИФА на барање на американските власти, што значи дека тие ризикуваат да бидат уапсени каде и да патуваат. Интерпол соопшти дека биле издадени „црвени известувања“ за двајца поранешни функционери во фудбалската асоцијација и за четворица директори на корпорации под обвинение за рекетирање, заговор и корупција. Меѓу нив е и поранешниот потпретседател на ФИФА, Џек Варнер од Тринидад и поранешниот член на извршниот комитет Николас Леоз од Парагвај.

XS
SM
MD
LG