Достапни линкови

Тројца цивили загинале во источна Украина


Властите во источна Украина соопштија дека двајца цивили во реоните под контрола на властите биле убиени за време на борбите на спротиставените страни. Лидерот на регионот Луганс, Хенадиј Москал изјави дека постар брачен пар загинал кога нивниот автомобил бил погоден од граната. Според него, нападот се случил на 20 километри од борбената линија.

Во Доњецк, бунтовници соопштија дека еден цивил загинал, а друг бил повреден од нападот со артилериски оган врз градот Јенакијеве. Според бунтовниците, околу 20 домови биле уништени при нападите.

XS
SM
MD
LG