Достапни линкови

Половина од странските инвестиции што влегле во Македонија во првите три месеци од годинава потекнуваат од малата карипска островска држава Свети Винцент и Гренадини.

Во првите три месеци од годинава во Македонија влегле 69 милиони евра странски инвестиции, што е сериозно намалување во однос на истиот период минатата година кога влегле 109 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Половина од странските инвестиции што во првиот квартал влегле во земјава, односно 35 милиони евра се од малата карипска островска држава Свети Винцент и Гренадини, која важи за даночен рај и земја во која тешко се проверува сопственоста на парите.

Она што мислам дека е пресудно за самите странски инвестиции е квалитетот на институциите во нашата земја, тоа е нешто што се провлекува неколку години наназад, а тоа е владеење на правото, независно судство, остварување на сопственичките права.

Минатата година во земјава влегле 262 милиони евра, а годината претходно 252 милиони евра странски капитал.

Претставниците на власта постојано најавуваат нови инвестиции и отворање на работни места, но економистите се скептични и посочуваат дека странските инвеститори поради политичката криза уште повеќе ќе ја заобиколуваат земјава.

Тоа ќе го има и во иднина, но тоа ќе бидат мали суми во споредба со огромните изнесени пари од Република Македонија во целата оваа декада, па и пред тоа.

Професор Шенај Хаџи Мустафа вели дека политичката криза влијае на странските инвестиции, но не е пресудна.

„Она што мислам дека е пресудно за самите странски инвестиции е квалитетот на институциите во нашата земја, тоа е нешто што се провлекува неколку години наназад, а тоа е владеење на правото, независно судство, остварување на сопственичките права. Мислам дека тоа е многу побитен фактор и нешто на што внимаваат, како странските, така и домашните инвеститори. Значи мислам дека тоа е многу побитен фактор, иако и политичка криза има влијание“, вели таа.

Поранешниот гувернер на НБРМ Петар Гошев вели дека ниското ниво на странски инвестиции се должи на погрешните политики на владата, а не на политичката криза.

„Генерално, нивото на странски инвестиции не соодветствува на трошоците коишто ги направи оваа влада за остварување на тој концепт и тој концепт нема да ја развие Македонија, тој концепт од Македонија прави класична колонија или ајде да речеме неоколонијализам како што се квалификува во економската теорија“, вели Гошев.

Инвестициите, пак, од офшор државите ги гледа како срамежливо враќање на украдените пари од Македонија.

„Тоа ќе го има и во иднина, но тоа ќе бидат мали суми во споредба со огромните изнесени пари од Република Македонија во целата оваа декада, па и пред тоа“, вели Гошев.

Податоците на Светската банка покажуваат дека Македонија во регионот остварува подобри резултати во привлекувањето странски инвестиции само од Босна и Херцеговина.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG