Достапни линкови

САД - усвоени измените на законите за шпионирање


Американскиот Конгрес ги усвои измените во законите за шпионирање кои беа во сила по терористичките напади на 11 септември 2001 година со што се забранува владата масовно да собира телефонски разговори и податоци. Ова се случи само на два дена откако Конгресот дозволи да истече важноста на антитерористичките програми за масовно следење и прислушување. Законот кој веднаш беше потпишан од претседателот Барак Обама предвидува ограничување на правата за шпионирање на Националната безбедносна агенција.

XS
SM
MD
LG