Достапни линкови

Во Бостон убиен осомничен за тероризам


Бостонската полиција убиле едно лице кое било под истрага за тероризам. Прецизирано дека станува збор за 26 годишниот Усама Рахим кој бил застрелан од полицијата откако потегнал нож на еден полицаец и еден агент на ФБИ. Полицијата соопшти дека имала и снимка од настанот на која се гледало дека полицајците се повлекувале додека тој им приоѓал со ножот. Во меѓувреме, Имам Ибрахим Рахим на Фејсбук напишал дека неговиот брат бил застрелан во грб додека чекал на автобуска станица. Имам Рахим е верски лидер во Сан Франциско.

XS
SM
MD
LG