Достапни линкови

По потонувањето на бродот во Кина, 430 исчезнати


Кинеските државни медиуми јавуваат дека спасувачките екипи и во текот на изминатата ноќ биле во потрага по 430 луѓе кои се водат како исчезнати откако еден патнички брод потона на реката Јангце. Во потрагата се вклучени над 4 илјади и 600 луѓе, меѓу кои и стотици нуркачи. Досега биле спасени 14 луѓе, а биле извлечени и тела на 13 удавени. Потонувањето се случило толку брзо што капетанот немал време да испрати порака за помош, јавуваат кинеските медиуми.

XS
SM
MD
LG