Достапни линкови

logo-print

Македонија на предвремени избори во 2016


Со посредство на Европската унија постигнат е договор за предвремени избори во Македонија со што се отвора можноста за завршување на неколкумесечните политички превирања започнати со објавувањето прислушувани разговори за злоупотреби на власта. Ова го јавуваат странските новински агенции за вчерашните разговори на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и четворицата партиски лидери во Скопје. Агенциите ја цитираат изјавата на Хан дека лидерите се договориле за своевиден транзициски период и за предвремени избори не подоцна од крајот на април идната година. Странските новински агенции исто така наведуваат дека деталите за договорот ќе бидат договарани идната недела во Брисел. Агенциите потсетуваат дека последните избори во Македонија се одржаа во април лани и оти следните требало да се одржат во април 2018 година.

XS
SM
MD
LG