Достапни линкови

Времето денеска: сончево и топло


Во Македонија ќе биде сончево и топло. Преку денот ќе има мала до умерена локална облачност, а ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од пет до 14, а дневната од 25 до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 31 степен.

XS
SM
MD
LG