Достапни линкови

logo-print

ФИФА-Блатер поднесе оставка


Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави денеска дека поднесува оставка од функцијата. Тој веста ја соопшти за време на прес конференција во Цирих, Швајцарија. Блатер пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред. Два дена пред изборите за нов претседател на фудбалската асоцијација седум високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих под сомнение за примање мито. Блатер порача и дека изборите за нов претседател на ФИФА ќе се одржат што поскоро.

XS
SM
MD
LG