Достапни линкови

Хоспитализиран Хелмут Кол


Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

Поранешниот германски канцелар Хелмут Кол се наоѓа на интензивна нега откако му била извршена операција. Неговиот кабинет соопшти дека тој имал операција на колкот на почетокот на мај, но во меѓувреме му била извршена уште една интервенција која го пролонгирала неговиот престој во болница. Според соопштението, неговата состојба е добра со оглед на околностите.

Дер Шпигел јави дека 85 годишниот конзервативец е во клиника во градот Хеиделберг и дека неговата состојба е критична. Кол беше најдолго на функцијата од 1982 до 1998 година и на него му се препишуваат заслугите за спојувањето на западна и источна Германија по падот на Берлинскиот ѕид.

XS
SM
MD
LG