Достапни линкови

Маратонска потрага по излез од кризата


Груевски, Заев и Хан неколку часа трагаат по решени за кризата зад затворени врати. После неколкучасовни разговори им се приклучија и Ахмети и Тачо. Засега нема информации како тече средбата. Во меѓувреме за новинарите кои чекаат пред резиденцијата се постави чадор и ручек.

Повеќе од пет часа трае средбата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ Никола Груевски и Зоран Заев. Во резиденцијата на ЕУ во Скопје покрај претседателите на партиите утринава влегоа и министерот за здравство Никола Тодоров, за надворешни работи Никола Попоски и шефот на кабинетот на премиерот Мартин Протoѓер како придружба на Груевски и заменик претседателка на СДСМ Радмила Шеќеринска и портапаролот Петре Шилегов како дел од тимот на Заев.

Разговорите досега се целосно затворени за јавноста па меѓу новинарите кои го чекаат исходот на улицата не се симнуваат претставниците на политичките партии за како вообичаено да брифираат за случувањата внатре.

Груевски стигна прв утрината, нешто пред девет часот што упатува на тоа дека можеби тој имал одвоена средба со Хан пред да пристигне Заев во 9.30. Попладнево во резиденцијата дојде и претседателот на ДУИ Али Ахмети, а слична најава има и за првиот човек на ДПА, Мендух Тачи.

Архивска фотографија.
Архивска фотографија.

Разговорите досега се целосно затворени за јавноста па меѓу новинарите кои го чекаат исходот на улицата не се симнуваат претставниците на политичките партии за како вообичаено да брифираат за случувањата внатре. Единствено навестување дека разговорите може да траат подолго денеска е поставувањето на чадор и маса со храна попладнево на улицата за претставниците на медиумите.

Истиот состав Груевски, Заев и Хан поптпомoгнати од европратениците Едвард Кукан, Ричард Ховит и Иво Вајглпред околу две недели во Стразбур разговараа за надминување на кризата повеќе од десет часа. По средбата тогаш само кусо европратениците соопштија дека ја поздравуваат „искрената дискусија“ . Во пресрет на денешната средба, пак, портпаролката на комесарот Хан Маја Коцијанчич,вчера рече дека тој во Скопје ќе ја истакнел итноста да се најде решение за надминување на сегашната криза.

„Она што комесарот ќе го стори е потенцирање на потребата и итноста од наоѓање на решение за надминување на сегашната криза и во овој контекст треба да гледате и на неговата посета“, рече Коцијанчич.

Покрај директните обиди на европските политичари да се најде решение за кризата, лидерски средби на кои присуствуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, се одржуваат и во Скопје, а на нив присуствуваат и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав и на САД Џес Бејли. Последната таква се одржа минатиот вторник, но по неа беше соопштено дека се брифирале партиите на Албанците за разговорите во Стразбур.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG