Достапни линкови

logo-print

Неколка часа траат разговорите за политичката криза


Резиденцијата на ЕУ во Скопје.

Резиденцијата на ЕУ во Скопје.

Неколку часа траат преговорите во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје меѓу еврокомесарот за проширување Јоханс Хан и премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев. На разговорите само што се приклучил и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. На разговорите за изнаоѓање излез од политичката криза часот присуствува и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав, а се очекува да им се придружи и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Засега нема информации за тоа како се одвиваат разговорите.

XS
SM
MD
LG