Достапни линкови

logo-print

Условна казна за демонстрантите кои ја признаа вината


Протестите пред Влада на 5 мај.

Протестите пред Влада на 5 мај.

Кривичниот суд во Скопје денеска ги ослободи двајцата демонстранти кои ја признаа вината за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службена должност. Судот на двајцата демонстранти им одреди условна казна од три месеци затвор, која нема да стапи на сила доколку во период од една година не направат друго кривично дело. Другите двајца обвинети демонстранти кои го негираа делото повторно ќе бидат сослушани в петок. Демонстрантите беа уапсени по протестите пред македонската Влада на 5 мај.

XS
SM
MD
LG