Достапни линкови

logo-print

Пролетната сеидба ќе трае до лето


Macedonia - Field sown with maize in Pelagonija.

Macedonia - Field sown with maize in Pelagonija.

Големите поплави ги одолжија пролетните сеидби, а тоа го пролонгираше рокот за пријавување субвенции.

Веќе е јуни, а големи површини од Пелагониската житница се уште не се засеани. Во последните педесетина години земјоделците не паметот кога друг пат ги сееле нивите во јуни и не знаеле дали нешто ќе поникне. Лошата сеидбена сезона е последица на големите поплави од пред два –три месеци кои ги уништија есенските посеви со жито, па земјоделците пролетва оштетените ниви ги преораа и засадија со пченка и други култури, но ги зафатија нови врнежи со дожд и град, па дел оштетија.

Ова ни беше последната шанса, беше површина со пченица, по поплавите ја изоравме и посеавме пченка, а сега не погоди ново невреме. Повторно ќе сееме ако успееме, ако не здравје.

„Голема штета е предизвикана претежно на нивите со пченка, односно пролетните култури. Уништени се сосема, треба повторно да ги обработуваме доколку има услови и време. Ова ни беше последната шанса, беше површина со пченица, по поплавите ја изоравме и посеавме пченка, а сега не погоди ново невреме. Повторно ќе сееме ако успееме, ако не здравје“, вели Пеце Шамбевски, земјоделец од село Радобор.

Иако земјоделците поради временските непогоди го изменија сеидбениот план, сепак голем е процентот на површините кои нема да дадат род.

За жал, многу површини кои беа поплавени нема да можат да се подготват за пролетна сеидба, па многу површини кои беа засеани и есента со пченица и јачмен, како и пролетва со пченка, ќе бидат преорани.

„Сите агрооперации предвидени за одржување на пролетната сеидба се во голема неизвесност. На многу површини со пченка во последните десетина дена наврнаа над сто литри вода, тие посеви не никнуваат. За жал, многу површини кои беа поплавени нема да можат да се подготват за пролетна сеидба, па многу површини кои беа засеани и есента со пченица и јачмен, како и пролетва со пченка, ќе бидат преорани“, вели Вељо Тантаров, претседател на Сојузот на земјоделци.

Поради неизвесноста до кога ќе се одолговлекува сеидбата, пролонгиран е рокот за пријавување субвенции цел месец. Исто така до 12 јуни продолжен е и рокот за пријавување земјоделски површини кои ќе имаат потреба од наводнување.

Директорот на јавното претпријатие „Стрежево“ кое обезбедува вода за потребите на градот и земјоделството вели „оваа година очекуваме над 6.000 хектари да имаме земјоделски површини кои ќе имаат потреба од наводнување. Минатата година имавме проблем со недостиг на вода, па сезоната ја започнавме со 67 милиони метри кубни вода, а годинава тој проблем го немаме, па сезоната ќе ја стартуваме со 105 милиони метри кубни вода, што ни дава една комоција во сезоната за наводнување“, рече директорот Марјан Геровски.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG