Достапни линкови

ФИФА негира вмешаност на генералниот секретар


Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валцке.

Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валцке.

ФИФА негира дека генералниот секретар на организацијата Жером Валцке бил вмешан во исплатата на 10 милиони долари. Валцке е еден од осомничените во истрагата на САД за корупција во фудбалската асоцијација. Според соопштението, тој немал улога во исплаќањата, кои биле одобрени од страна на претседавачот со финансискиот комитет на ФИФА.

Њујорк Тајмс јави дека се верува оти Валцке во 2008 година ги префрлил парите на сметка на Џек Варнер, кој е поранешен висок функционер во ФИФА и кој исто така се соочува со обвинение за корупција во САД. Американските истражители веруваат дека парите биле искористени за поткуп во замена за Варнер и други лица да гласаат за одржувањето на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка во 2010 година.

XS
SM
MD
LG