Достапни линкови

logo-print

Екстерно тестирање по секоја цена


Архивска фотографија - Екстерно тестирање во скопските училишта.

Архивска фотографија - Екстерно тестирање во скопските училишта.

Средношколците и наставниците со сите сили се трудеа да се изборат против, како што велат, апсурдното екстерно. Но тоа ќе се спроведува до 10 јуни, оти МОН не ги прифати аргументите на засегнатите страни.

И покрај трите марша, бојкотот, кампот и сите активности што ги спровeдуваат средношколците и наставниците, надлежните не се предомислија да ги прифатат нивните аргументи за апсурдноста на екстерното оценување и оти учениците не може да се оценат со тест од 30 прашања.

Се што се напарвило во текот на цела година треба да се пренесе во тие 30 прашања што претставува доста голем стрес, пред сѐ за тие што се одлични ученици.

Во коментар за овој најдолго оспоруван проект, за кој средношколците велат, дека надлежните го спроведуваат за да им покажатдека може да бидат заплашени, средношколците го обвинија министерството дека им создава стрес.

Средношколците кампуваат пред МОН.

Средношколците кампуваат пред МОН.

Денешниот почеток на екстерното тестирање е очекуван развој на настаните до кои дојде по игнорантскиот однос на министерството кое не прифати натамошни средби со Средношколскиот и Наставничкиот пленум, вели Александар Горѓевски од Средношколскиот пленум.

Можеби намерата на министерството е добра, но така е насочена што нема ниту една добра околност околу екстерното тестирање. Одговорите може да ги најдат на интернет, а и самите ученици си отвораат страни на кои може да се најдат одговорите.

„Сѐ што се направило во текот на цела година треба да се пренесе во тие 30 прашања што претставува доста голем стрес, пред сѐ за тие што се одлични ученици.“

Тоа што досега немаше договор, според наставниците е поради целосна рамнодушност на министерството кон аргументите и на наставниците дека оценувањето е еден сериозен и континуиран процес кој трае цела учебна година. Според Илчо Ацевски од Наставничкиот пленум учениците сами може да согледаат колку може да се обезбеди квалитет кога прашањата им се однапред познати и се достапни на социјалните мрежи.

„Можеби намерата на министерството е добра, но така е насочена што нема ниту една добра околност околу екстерното тестирање. Одговорите може да ги најдат на интернет, а и самите ученици си отвораат страни на кои може да се најдат одговорите“, вели наставникот Ацевски.

Владо Димовски од Наставничкиот пленум ги критикува надлежните дека повторно има проблеми, дека час и половина ги данлодирале прашањата од интренет и екстерното тестирање во некои средини почнало со еден час задоцнување.

„Во оние училишта каде предавам јас дел од опремата не е исправна, интернетот е слаб, струјата е слаба“, вели Димовски.

Инаку, според, надлежните екстерното тестирање треба да обезбеди поголема објективност во учењето, оценувањето и во начинот на којшто се верификуваат знаењата на учениците. Меѓутоа екстерното тестирање кое трае до 10- ти јуни се спроведува во услови на растечко сомневање за способноста на министерството да обзебеди квалитет во вистинската проценка за знањето на учениците. Како доказ колку министерството силно се бори да го спроведе овој свој проект зборува и начинот на кој се поставува крајниот рок до кога треба да заврши тестирањето.

„Не смее да се отсуствува. Кажано е исто така дека ако се доаѓа во вториот рок во август ќе има тестатори кои се построги и нема да имаат разбирање итн.“, вели Горѓевски.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG