Достапни линкови

Двајца од четворица демонстранти признаа вина


Протестите пред Владата на 5 мај.

Двајца од четворицата демонстранти денеска пред Кривичниот суд во Скопје ја признаа вината. Тие се обвинети за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствие. Другите двајца ги негирале делата за кои се обвинети. Се очекува судот денеска да донесе одлука за оние кои ја признаа вината, а за останатите ќе има ново сослушување. Судењето на другата група демонстранти ќе се одржи утре. Демонстрантите беа уапсени по протестите пред Владата на 5 мај.

XS
SM
MD
LG