Достапни линкови

Рохани-Иран до крајот ќе ја поддржува Сирија


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани вети дека неговата земја до крајот ќе го поддржи сирискиот претседател Башар ал Асад. Ирански медиуми јавија дека Рохани изјавата ја соопштил за време на посетата на Техеран на претседателот на сирискиот парламент, Мохамед ал Лахам. Властите на Иран и Сирија сметаат дека опозиционите борци се терористи поддржани од соседните сунитски земји.

Рохани порачал дека некои земји од регионот сметаат дека можат да користат терористички групи за остварување на нивните цели, но според него, порано или подоцна истото ќе им се случи и на нив. Иранските власти го поддржуваат Асад и неговиот татко пред да започне конфликтот во Сирија во 2011 година.

XS
SM
MD
LG