Достапни линкови

Слаби ефекти од слободните економски зони


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Ефектите од странските инвестиции не може прецизно да се утврдат затоа што државата не кажува колкава помош им дава на инвеститорите да дојдат тука.

Иако слободните економски зони како концепт се добра идеја, економските експерти не се задоволни од ефектите од нивното отворање тука. Некои од нив велат дека ние не можеме да сме конкурентни со отворањето на такви зони низ градовите во Македонија, оти, според нив, нашата работната рака не е квалификувана за привлекување на странски инвеститори и ако се знае дека миграцијата од помал град кон поголем покажува растечки тренд.

Тие нити купуваат, нити продаваат тука, така што нето ефектот од овие економски зони се неколку десетици вработувања, но и тука има социјален карактер затоа што овие луѓе условно се злоупотребуваат и таа компензација што ја добиваат не е соодветна на тоа што тие го даваат како инпут.

„Втор проблем е што овие зони, ако Македонија влезе еден ден во ЕУ, не може да постојат како такви. Тие мора да се пренаменат и да се направи реконструкција на нивната мисија, затоа што во ЕУ таквите зони не се дозволени“, вели економскиот аналитичар Висар Адеми.

Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Според него, овие зони функционираат како изолирани економски острови кои многу малку се интегрирани во македонската економија.

„Тие нити купуваат, нити продаваат тука, така што нето ефектот од овие економски зони се неколку десетици вработувања, но и тука има социјален карактер затоа што овие луѓе условно се злоупотребуваат и таа компензација што ја добиваат не е соодветна на тоа што тие го даваат како инпут“, вели тој.

Недопустливо е во една држава што се декларира како демократска да нема отчет кои сè поволности им се даваат на странските инвеститори и колку тоа нè чини како држава.

Но, според аналитичарот Слободан Најдовски, пак, за ефектите од економските зони може да се зборува дури откако власта ќе направи јасно разграничување меѓу економски и технолошко-индустриски зони, како и кога ќе постои отчет за државната помош која им се дава на странските инвеститори.

„Недопустливо е во една држава што се декларира како демократска да нема отчет кои сè поволности им се даваат на странските инвеститори и колку тоа нè чини како држава“, вели тој.

Најдовски посочува дека при отворањето на овие зони кои се промовираат како отворена можност за нови работни места, власта користи нагласена пропаганда трудејќи се да го претстави тој проект како нејзина заслуга и ја користи во политички цели.

„Пред неколку месеци премиерот најави нови странски инвестиции во Битола, од тие странски инвестиции нема ништо. Најави токму во местото каде што јас живеам дека почнува да работи фабрика за чипс, а таква фабрика не функционира“, вели Најдовски.

Економските експерти стравуваат и за одржливоста на овие зони. Се сомневаат дека странските инвеститори остануваат сè до оној момент додека ги користат поволностите кои им ги дава одредена држава во вид на државна помош. Власта тврди дека извозот од зоните постојано расте, но според аналитичарите растот на извозот од слободните економски зони нема директни импликации врз буџетот затоа што фирмите имаат комплетни царински и даночни олеснувања.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG