Достапни линкови

logo-print

Во Париз состанок за борбата против ИД


Ирачките планови за преземање на контролата врз градот Рамади од милитантите на Исламската држава ќе доминираат на денешниот состанок во Париз на министрите за надворешни работи на земјите кои ја сочинуваат меѓународната коалиција против џихадистите. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, како што е најавено, ќе побара дополнителна помош откако милитантите на Исламската држава го освоија Рамади во текот на минатиот месец. На состанокот преку телефонска врска ќе учествува и американскиот државен секретар Џон Кери кој заздравува од несреќата што ја имаше во Швајцарија.

XS
SM
MD
LG