Достапни линкови

Грција планира да потпише меморандум за „Турски тек“


Грција планира да потпише меморандум за политичка поддршка на изградбата на гасоводот „Турски тек“ на меѓународниот економски форум кон крајот на месецов во Санкт Петербург. Ова во интервју за телевизијата „Русија 24“ го изјави грчкиот министер за реформи, животна средина и енергетика Панајотис Лафазанис. Тој наведе дека прашањето за финансирање е решено и оти цената на грчкиот дел од гасоводот ќе изнесува 2 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG