Достапни линкови

Времето денеска: сончево со мала локална облачност


Во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Условите за нестабилност се мали, но можна е само изолирана појава во крајните западни планински подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 24 до 31 степен. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура околу 11, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

XS
SM
MD
LG