Достапни линкови

ОН-1031 жртва во Ирак во минатиот месец


Мисијата на ОН соопшти дека повеќе од 1031 лице загинале, а 1648 биле повредени во насилството низ Ирак во минатиот месец. Ирачките власти претходно соопштија дека во самоубиствени напади на милитантите на Исламската држава чија цел им била полициска база загинале најмалку 41 припадник на безбедносните сили во западната покраина Анбар. Нападите предизвикале силни експлозии во депото за муниција во базата. Според полицијата, некои припадници на шиитската милиција исто така биле стационирани во базата. Над 60 војници биле повредени во нападот.

XS
SM
MD
LG