Достапни линкови

ОБСЕ-Експлозии во Доњецк


ОБСЕ соопшти дека нивните набљудувачи слушнале 253 експлозии од Доњецк, кој е под контрола на проруските бунтовници во изминатите 48 часа. Според соопштението на организацијата, експлозиите биле предизвикани со лесно и тешко оружје, вклучувајќи тенкови и артилериски оган со голем калибар. Тешкото оружје, како што наведуваат од ОБСЕ, досега требаше да биде повлечено од борбената линија во согласност со примирјето потпишано во главниот град на Белорусија, Минск во септември минатата година. Во меѓувреме во борбите во источна Украина во изминатите 24 часа загинале пет луѓе.

XS
SM
MD
LG