Достапни линкови

logo-print

Одбраната бара отфрлање на обвинението за „Пуч“


Одбраната на обвинетите во случајот „Пуч“ во приговорот денеска побара Кривичниот суд да го отфрли обвинението против петтемина опфатени во случајот. Според адвокатите, обвинението е полно со нелогичности, затоа што, меѓу другото во него не се спомнува ниедна конкретна странска служба, а шпионажата во принцип секогаш е поврзана со одредена тајна служба на некоја странска држава.

Исказ пред судот даде и првообвинетиот Зоран Верушевски, кој истакна дека прислушувањето е креација на 5-та управа и оти како проект тоа е започнато во 2007-та година. Тој рече дека имал 20-ина средби со вработени во УБК и оти верува дека тие ќе бидат сведоци во натамошниот процес.

Со обвинителниот акт во случајот „Пуч“ се опфатени пет луѓе. Првоосомничен е поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, кој се товари за „неовластено прислушување и тонско снимање“, „шпионажа“ и „насилство спрема претставници на највисоките државни органи“. Меѓу обвинетите и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG