Достапни линкови

ИД нападнала полициска база во Ирак


Ирачките власти соопштија дека во самоубиствени напади на милитантите на Исламската држава чија цел им била полициска база загинале најмалку 30 припадници на безбедносните сили во западната покраина Анбар. Нападите предизвикале силни експлозии во депото за муниција во базата. Според полицијата, некои припадници на шиитската милиција исто така биле стационирани во базата. Над 40 војници биле повредени во нападот.

XS
SM
MD
LG