Достапни линкови

Пет жртви во борбите во источна Украина


Пет луѓе загинале во борбите во источна Украина и покрај примирјето постигнато во Минск во февруари. Украинската војска соопшти дека тројца војници загинале, а четворица биле повредени во изминатите 24 часа. Според соопштението, двајца украински војници биле заробени во околината на селото Марјинка. Проруските бунтовници соопштија дека двајца цивили загинале, а пет биле повредени во вчерашните напади.

XS
SM
MD
LG