Достапни линкови

logo-print

ОН-Над 6400 жртви во конфликтот во источна Украина


ОН соопштија дека бројката на загинати луѓе во конфликтот во источна Украина се зголемила на над 6400 жртви. Според организацијата, во борбите помеѓу украинските сили и проруските бунтовници дополнително загинале уште 300 лица од последниот извештај. Меѓу жртвите, како што се наведува во извештајот има најмалку 626 жени и деца, а 15 962 лица биле повредени. Околу 5 милиони луѓе, според ОН се погодени од конфликтот во источна Украина, меѓу кои и 1,2 милиони луѓе кои биле раселени од земјата.

XS
SM
MD
LG