Достапни линкови

Коцијанчич-Хан ќе побара побрзо решавање на политичка криза


Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан за време на утрешната посета на Македонија на политичките партии ќе им ја пренесе важноста што побрзо да се пронајде решение за политичката криза и потребата заеднички да се справат со клучните предизвици со кои се соочува земјата, изјави неговата портпаролка Маја Коцијанчич. Таа не сакаше да шпекулира дали ќе има неформално отворање на клучните поглавја за идните преговори на Македонија и ЕУ и според неа, тоа не би било корисно во поглед на ситуацијата. Еврокомесарот, како што наведе таа, ќе ја истакне итноста за надминување на актуелната криза и во тој контекст треба да се гледа на неговата посета.

XS
SM
MD
LG