Достапни линкови

Иванов бара поддршка за евроатланските интеграции


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов на средбите со словенечкиот и хрватскиот претседател Борут Пахор и Колинда Грабар Китаровиќ побарал неодложен почеток на пристапните преговори за членство во Европката унија и прием на Македонија во НАТО. На средбите во рамки на самитот во Порторож, Иванов информирал за актуелната политичко безбедносна ситуација во Македонија, оценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго. Според него, преку дијалог политичките лидери треба што побрзо да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата. Неговите соговорници истакнале дека Словенија и Хрватска безусловно ги подржуваат евроатланските интеграции на Македонија.

XS
SM
MD
LG