Достапни линкови

Убиен ирански офицер во близина на ирачкиот град Рамади


Ирански медиуми јавија дека еден воен офицер загинал во близина на Рамади додека ги советувал ирачките сили како да ја преземат контролата врз градот од милитантите на Исламската држава. Според нив, Џасем Нури неодамна бил и воен советник на сириските сили кои се борат против Исламската држава во земјата. Иран им обезбеди оружје и воена помош на Сирија и Ирак во борбите против милитантите.

XS
SM
MD
LG