Достапни линкови

Од каде се парите за становите на министрите?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Тука постојат индиции за сторено кривично дело несразмерно богатење коешто го прави функционер којшто намерно ќе прикрие или нема да пријави определен имот или имотна состојба, вели Слаѓана Тасева од Транспаренси интернејшнал, по последната бомба на опозицијата во која се открива купување на министерски станови далеку од очите на јавноста.

По последната бомба на опозицијата во која се открива купување на министерски станови далеку од очите на јавноста, повеќето граѓани велат дека се револтирани од неодговорното трошење на државните функционери. Според нивните коментари, во земја во која некои едвај го преживуваат месецот и немаат ниту за задоволување на основните потреби, неоправдано е ваквото однесување на министрите.

Па стварно некои збудалеа, како брзо се збогатија. Значи денеска дојде само да си на власт и да направиш брзи пари.

„Тоа ме лути, затоа што тие пари се и наши. Не можат тие да ги трошат како сакаат.“

„Па стварно некои збудалеа, како брзо се збогатија. Значи денеска дојде само да си на власт и да направиш брзи пари.“

„Ми смета тоа. Сè што се прави, мислам дека е претерано“, велат анкетираните граѓани.

Тука постојат индиции за сторено кривично дело несразмерно богатење коешто го прави функционер којшто намерно ќе прикрие или нема да пријави определен имот или имотна состојба, а исто така нешто што многу ме зачудува е што не веб страницата на антикорупциската комисија не можам да го најдам имотниот лист на министерката Јанкуловска.

Сепак има и такви кои, иако признаваат дека неодговорното трошење на пари од страна на министрите не е во ред, велат дека тоа не ги засега. Некои од нив, пак, кажуваат дека не можат да веруваат во тоа што го слушаат по медиумите, сè додека не се докаже дека тоа што се зборува е вистина.

„Јас во тие работи не верувам додека не се соочат двете партии. Дали е наместено или не е наместено. Како граѓанин слушаш ама тоа не си го видел.“

„Не ми смета воопшто. Кој има пари купува. Што да правам. Не е в ред ама тоа е“, велат граѓаните.

Поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Слаѓана Тасева вели дека вчерашните прислушувани разговори кои ги објави опозицискиот СДСМ, содржат доволно материјал за покренување на постапка и од страна на Државната комисија за спречување на корупција и од Јавното обвинителство.

„Тука има многу материјал за постапување и на ДКСК и за ЈО. Затоа што тука постојат индиции за сторено кривично дело несразмерно богатење коешто го прави функционер којшто намерно ќе прикрие или нема да пријави определен имот или имотна состојба, а исто така нешто што многу ме зачудува е што не веб страницата на антикорупциската комисија не можам да го најдам имотниот лист на министерката Јанкуловска“, вели таа.

Тасева не очекува некаква реакција од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата. Вели дека досегашното искуство покажало дека кога Транспаренси интернејшанал доставувале конкретни пријави до комисијата за одредени коруптивни случаи поврзани со некој функционер, одговорот на комисијата бил дека информациите не се комплетни.

„Мислам дека комисијата нема да покрене никаква постапка, а исто мислам дека и јавниот обвинител нема тоа да го направи. И едниот и другиот се должни да поведат постапка по чуен глас, државната комисија треба да ја информира УЈП да пристапи кон проверка на имотната состојба на функционерот наназад за пет години и откако таа проверка ќе се заврши да утврди дали има несразмерно богатење или непријавување“, изјави Тасева.

Инаку во рамките на 36-тата бомба, опозицијата обвини дека државни функционери ја злоупотребувале власта и биле дел од криминали. Прислушуваните разговори, според СДСМ, докажуваат дека министерот за финансии Зоран Ставревски купил стан на туѓо име и станал комшија со тогашната министерка Гордана Јанкулоска.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG