Достапни линкови

logo-print

Политичката криза се одразува и на текстилната индустрија


Текстилците забележуваат намалена побарувачка на домашните брендови на македонскиот пазар. Додека компаниите кои работат лон систем за странски партнери немаат забележителни проблеми и промени во работата.

Политичката криза во државата предизвикува намалена побарувачка на домашните брендови на македонскиот пазар. Ова е првата негативна реперкусија врз работата на текстилните фирми со сопствени брендови во регионот на Прилеп, Битола, Крушево и Македонски Брод, истакнуваат од Секцијата на текстилците при Регионалната стопанска комора со седиште во Прилеп.

Оваа политичка криза ако не се прекине, влијае на самата потрошувачка кај населението, што може да дојде до намалување на потрошувачката, а со тоа и на самите налози и на капацитетите на нас како производители.

„Оваа политичка криза ако не се прекине, влијае на самата потрошувачка кај населението, што може да дојде до намалување на потрошувачката, а со тоа и на самите налози и на капацитетите на нас како производители. Се уште постои страв, се уште нема бројки статистички, но од самите контакти со нашите купувачи, дознаваме дека постои страв, резерва кај купувачите, од вложување“, вели Благоја Конески, претседател на Секцијата на текстилци.

Благоја Конески, претседател на прилепската Секција на текстилци, која функционира во рамки на Регионалната стопанска комора.

Благоја Конески, претседател на прилепската Секција на текстилци, која функционира во рамки на Регионалната стопанска комора.

Што се однесува до компаниите кои работат лон систем за странски партнери, а такви се најбројни, немаат забележителни проблеми и промени во работата.

„Текстилните компании кои работат претежно по лон принцип, си имаат свој партнери кои ги снабдуваат со работа и моменталната политичка ситуација во државата не влијае врз редовноста на снабдување со работа, ако евентуално не се загрози безбедноста, во испораките на стоката во двата правци“, додава Конески.

Надежите на текстилците се дека нема да дојде до ескалирање на политичките состојби, што би предизвикало откажување на договорите. Меѓутоа остануваат тековните проблеми во текстилните фирми, кои што сепак не одат во прилог на развој на оваа гранка, чија што иднина треба да се бара во развојот на домашни брендови.

„Посебни бенефиции, субвенции нема, ние инаку сме ги спомнувале, ние како фирма, да се воведат како субвенции, за да се мотивираат останатите текстилни компании во преориентација на сопствено производство. Се додека има можност за лон производство, не се мотивирани работодавците да работат, сопствено производство“, истакнува Конески, којшто е сопственик на конфекцијата Хатра која што неколку години развива сопствен бренд.

За преориентирање на работодавците од лон кон сопствено производство, според Конески, неопходно е државата, да најде сопствен начин на субвенционирање, а банките да ги следат инвестиционите циклуси на компаниите.

  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG