Достапни линкови

Руски опозиционер бара објаснување за црниот список на Москва


Сергеј Лавров

Сергеј Лавров

Рускиот опозициски пратеник Димитри Гудков изјави дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров треба да објасни зошто на 89 политичари од 17 земји им е забранет влез во Русија. Црниот список е последен од потезите во растечките тензии меѓу Западот и Москва, по руската анексија на Крим во март лани и поддршката на проруските сепаратисти во источна Украина. Европската унија воведе санкции, вклучувајќи и замрзнување на имотите и забрана за патување на над 150 Руси и проруски Украинци. Во рускиот список има евро парламентарци и министри кои ги критикуваат акциите на претседателот Владимир Путин во Украина.

XS
SM
MD
LG