Достапни линкови

logo-print

Кери и натаму во болница во Женева


Американскиот државен секретар Џон Кери останал во болница во Женева и во текот на изминатата ноќ откако ја скршил десната нога во саботата додека возел велосипед. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави дека Кери планирал вчера да се врати во Соединетите држави, но дека по спроведените консултации било решено тој да остане во Женева. Кирби додаде дека Кери бил добро расположен и активен и оти имал голем број телефонски разговори, вклучувајќи и со претседателот Барак Обама. Одолжувањето на рехабилитацијата на Кери, според некои аналитичари, би можело да се одрази врз нуклеарните преговори со Иран, како и врз другите дипломатски инцијативи.

XS
SM
MD
LG