Достапни линкови

Претседателот Иванов во Словенија


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов престојува во Словенија, каде што во рамките на Брдо Бриони процесот, ќе учествува на „Самит 100 - Бизнис лидери во Југоисточна Европа“ што ќе се одржи во Порторож. Иванов ќе има обраќање на панелот на лидерите на тема „Нов договор за нова ера“. Главна тема на дискусија на е улогата на главните градови во регионот со цел одржлив развој, а во соработка со државните институции, бизнис заедниците и Европската комисија. На „Самитот 100“ предвидено е учество на претседателите на Хрватска, Косово и Црна Гора, Колинда Грабар Китаровиќ, Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ, на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ и на српскиот министер за економија Жељко Сертиќ.

XS
SM
MD
LG