Достапни линкови

logo-print

Шилегов - Груевски и соработниците сакаат да останат на власт само за пари


Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Портпаролот на СДСМ Петар Шилегов.

Груевски и неговите соработници се трудат по секоја цена да останат на власт и тоа го прават за пари, рече денеска портпаролот на СДСМ Петре Шилегов, објавувајќи ја 36-тата таканаречена бомба на СДСМ во кампот пред владата.

Тој рече дека сите афери за власта не може да ги собере само во една папка. Шилегов објави нелегално прислушувани телефонски разговори меѓу, како што вели, државни функционери, кои, според него, докажуваат криминал и злоупотреби на власта.

Во истата зграда во близина на МВР, каде што станови купила поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, стан купил и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, рече Шилегов.

XS
SM
MD
LG