Достапни линкови

Американскиот државен секретар скршил нога


Американскиот државен секретар Џон Кери е во стабилна состојба во болница во Женева, откако си ја скрши десната нога во велосипедска несреќа во Франција.

Стејт департментот денеска соопшти дека седумдесет и едногодишниот Кери го откажал посетите на Мадрид и Париз и оти ќе се врати во САД на лекување.

Несреќата се случила во Франција, во близина на француското алпско одморалиште Шамони, по што Кери со хеликоптер бил пренесен во Женева.

Кери вчера во Женева се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф на разговори за иранската нуклеарна програма. Во Париз требаше да се сретне со ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади на разговори за борбата против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG