Достапни линкови

Груевски: СДСМ ќе бира премиер и министри само ако победи на избори


СДСМ треба да научи дека можност за избор на министри и влада се добива само на избори и со поддршка на мнозинството од народот, оти тоа е суштината на демократијата. Ова го изјави денеска во Скопје премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање за шпекулациите дека ќе биде договорена техничка влада во која тој ќе биде премиер, а ќе биде формирана егзекутивна комисија, која ќе функционира како влада.

„СДСМ треба да научи дека министри и премиер ќе може да бира тогаш кога ќе победат на избори и кога ќе ја добијат поддршката од мнозинството граѓани на Република Македонија. Сè дотогаш нема да имаат можност ниту за министри во владата, за ниту премиер, затоа што ја немаат потребната доверба од мнозинството граѓани. Тоа е основната работа во една демократија“, изјави Груевски по пуштање во употреба на две двојни тениски игралишта во рамки на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Запрашан дали ги смета како можен компромис евентуални предвремени избори кои би се одржале после Нова година, премиерот Груевски рече дека засега такво нешто не планира.

XS
SM
MD
LG