Достапни линкови

Претседателот Иванов на „Самит 100“ во Порторож


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов престојува во работна посета на Република Словенија, каде во рамките на Брдо Бриони процесот, ќе учествува на „Самит 100 - Бизнис лидери во Југоисточна Европа“ што ќе се одржи во Порторож.

Македонскиот претседател ќе има обраќање на панелот на лидерите на тема „Нов договор за нова ера“, а ќе учествува и на состанокот на лидерите од Брдо Бриони Процесот со членовите на Бордот на директори на „Самит 100“.

Главната тема на дискусија на годинешниот самит е улогата на главните градови во регионот со цел инклузивен и оддржлив развој, а во соработка со државните институции, бизнис заедниците и Европската комисија.

На „Самитот 100“ предвидено е учество на претседателите на Хрватска, Косово и Црна Гора, Колинда Грабар-Китаровиќ, Атифете Јахјага и Филип Вујановиќ, на претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ и на српскиот министер за економија Жељко Сертиќ.

XS
SM
MD
LG