Достапни линкови

Националните малцинства во Хрватска избираат совети и претставници


Припадниците на 19 национални малцинства кои имаат право на глас денеска во Хрватска избираат членови на 288 малцински совети и 173 малцински претставници од речиси приближно 6.500 кандидати.

Малцинските избори се одржуваат во сите жупании, во речиси 200 градови и општина. За изборите отворени се приближно 800 избирачки места, најмногу - 125 во Осјечко-барањската жупанија, а најмалку - пет во Вараждинската жупанија.

За составот на малцинските совети ќе гласаат 280.000 граѓани, а за претставниците околу 25.000 избирачи.

XS
SM
MD
LG