Достапни линкови

Иса Мустафа останува лидер на Демократскиот сојуз на Косово


Иса Мустафа е реизбран за лидер на Демократскиот сојуз на Косово. Тој, со јавно гласање денеска е реаизбран на осмото изборно собрание на партијата.

Само двајца делегати гласале против реизборот на Мустафа, не вклучувајќи ги оние, кои пред гласањето ја напуштиле салата, поради непочитување на Статутот, кој предвидува тајно, а не јавно гласање.

Мустафа, кој е и актуелен косовски премиер на чело на партијата останува до 2019 година.

Во обраќањето на Мустафа на почетокот на собранието тој повикал на единство и искажал убедување дека партијата ќе биде силна како никогаш до сега.

XS
SM
MD
LG