Достапни линкови

Светски ден за борба против пушење


Светската здравствена организација (СЗО) и партнерите секоја година на 31 Мај, го одбележуваат Светскиот ден за борба против пушење, потенцирајќи ги здравствените ризици поврзани со употребата на тутунот и промовирајќи ефективни политики за намалување на употребата на тутунот. Според податоците од СЗО во светот пушат 1,1 милијарда луѓе од кои 200 милиони се жени. Шест милиони луѓе годишно умираат од пушење, меѓу нив 600. 000 пасивни пушачи. Во Македонија се регистрираат близу 700.000 пушачи, трошејќи годишно 11 тони цигари или 5, 5 килограми тутун по глава на жител. Годинашното мото на Светскиот ден за борба против пушење е „Стоп за недозволената трговија со тутински поизводи”. По повод Светскиот ден за борба против пушењето во 2015 година се повикуваат земјите да работат заедно за да престане недозволената трговија со тутунските производи. Недозволената трговија е глобален проблем, од аспект на здравство, легислатива, економија и водењето на политика и корупција. Светски ден за борба против пушење се одбележува уште од 1987 година.

XS
SM
MD
LG